fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски очекува околу 25 милиони килограми повеќе грозје за разлика од лани

„Го повикувам секој земјоделец, секој кој што чувствува потреба да се информира во делот на Методологијата, да се обрати до Земјоделскиот институт  – Скопје. Сите податоци околу креирањето на производната и откупната цена на грозје се јавни”, посочи министерот.

Министерот Цветан Трипуновски оваа година очекува околу 25 милиони килограми повеќе грозје за разлика од минатата година.

„Изминатиот период кога бев во посета на еден млад земјоделец во село Сопот, кавадаречко, ја соопштив откупната цена на грозјето за реколтата 2025 година. Сите законски одредби од страна на Министерството се испочитувани – од објавување на јавен повик, до избор на научна институција, до склучување на Договор со научната институција, а тоа е Земјоделскиот институт – Скопје. Научниот институт спроведе теренски активности, анкети, сондажи, собирање на сите податоци со цел да изработи производната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје – Вранец и Смедеревка”, истакна министерот Трипуновски при гостување во емисијата „Отворено за” на локална кавадаречка телевизија.

 

„Производната цена беше креирана од Земјоделскиот институт – Скопје, со што според пресметките производната цена на Вранецот изнесуваше 17 денари за килограм. Ако се додадат 25% како добивка према лозарите, тоа се околу 4,3 денари, односно вкупниот износ од производна цена и 25% – крајната цена која претставува откупна цена на Вранецот изнесува 21,3 денари. Додека пак за Смедеревка, производната цена изнесуваше околу 15,1 денар и со зголемувањето од 25%, тоа е близу 3,8 денари, откупната цена за Смедеревка изнесува околу 18,9 денари”, појасни министерот Трипуновски.

 

Тој додаде дека во креирањето на откупната цена се запазени и испочитувани сите законски одредби.

 

„Го повикувам секој земјоделец, секој кој што чувствува потреба да се информира во делот на Методологијата, да се обрати до Земјоделскиот институт  – Скопје. Сите податоци околу креирањето на производната и откупната цена на грозје се јавни”, посочи министерот.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close