fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Турски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството, пречка Договорот за слободна трговија

Интензивно се работи и на ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Република Турција, особено во секторот земјоделски производи, свежо овошје, зеленчук и преработена храна.

Турските инвестиции во земјава надминаа една милијарда евра, но има потенцијал за натамошни вложувања особено во обновливи извори на енергија. Интензивно се работи и на ажурирање на Договорот за слободна трговија меѓу Северна Македонија и Република Турција, особено во секторот земјоделски производи, свежо овошје, зеленчук и преработена храна.

Ова беше речено на денешниот форум што го организира Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) по повод посетата на компаниите – членки на Стопанската и индустриска комора на Едрене.

-Трговската размена меѓу двете земји е во постојан раст последните пет години. Во првите девет месеци од годинава бележиме зголемување за 45 проценти во однос на истиот период лани, рече главниот трговски советник во Турската амбасада во Скопје, Огузхан Бербер.

Според претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, целта на соработката е двете земји да достигнат размена од две милијарди долари.

-Имајќи ја предвид стратешката географска позиција на РС Македонија која се наоѓа на крстосница на два главни европски транспортни коридори и преставувајќи на тој начин врска со ЕУ, Блискиот Исток и Северна Африка, а особено имајќи го предвид историскиот добар однос помеѓу двете земји, можеме да констатираме дека обемот на трговската размена е многу помал од очекуваниот. Целта кон која сме насочени е да се постигне трговска размена помеѓу двете земји со висина од две милијарди долари. Ако се вклучат сите капацитети и со добра волја и заедничка работа, заедно би можеле да ја реализираме оваа цел и тоа за кратко време, потенцира Адемоски.

Тој потсети и дека МАТТО досега има обезбедено повеќе од 5.000 вработувања во Северна Македонија.

-До минатата година вкупните турски инвестиции во државата изнесуваа околу две милијарди американски долари. Инвестициите на турските компании се во повеќе различни области и сектори, но најголемиот дел се во градежниот сектор, во областа на градежните материјали, трговијата, банкарството, здравството, авионскиот транспорт, како и во производството на млечни производи, прехранбената индустрија, текстилната индустрија, образованието и секторот хемија, истакна Адемоски и ги повика членовите на Стопанската и индустриска комора на Едрене да инвестираат во Република Северна Македонија.

На форумот се присутни претседателот на Управниот одбор на Стопанската и индустриска комора на Едрене, Реџеп Зипкинкурт, претседателот на Собранието на Комората, Мустафа Емре Алп, проректорот на Универзитетот Тракија, Мурат Туркјилмаз, генералниот менаџер на „Технопарк“ – Тракија, Озгур Оздемир, генералниот секретар на Агенцијата за развој на Тракија, Махмут Шахин, како и координаторот на Агенцијата за развој во Тракија, Бахар Манав. Учествуваат и околу 40 фирми од Едрене кои работат во различни области и сектори: земјоделско-прехранбен сектор, хотелиерство и угостителство, градежен сектор, текстилна индустрија, туризам, автомобилска индустрија, односи со јавност,…

МАТТО и Стопанската и индустриска комора на Едрене го заокружија настанот со потпишување Протокол за соработка. Во тек се билатерални средби меѓу турските и македонските компании на кои ќе стане збор за реализирање конкретна соработка.

Турските компании се заинтересирани за инвестиици во облата на земјоделството, но единствена пречка засега, како што беше речено, е Договорот за слободна трговија.

На турските инвестиции отпаѓаат 38 отсто од вкупните странски вложувања во земјава. РепубликаТурција е наш петти партнер во областа на инвестициите и осми партнер во областа на трговијата. Моментно, обемот на трговска размена меѓу двете земји изнесува околу 450 – 500 милиони долари годишно.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close