Турскиот земјоделски сектор на работ на банкрот
Санкциите на Русија го доведоа турскиот земјоделски сектор до банкрот, пишува тускиот весник Dunya, повикувајќи се на извештајот на Унијата на извозници на Медитеранот.
Извозот на земјоделски производи од Турција опадна за 88 проценти минатиот месец во однос на јануари 2015 година, пишува турскиот весник.
Ситуацијата е толку тешка што турскиот земјоделски сектор би можел да банкротира без помош од државата.
„Ако Владата не му помогне на земјоделскиот сектор, тој може да пропадне во сите сегменти – од производители до извозници“, пишува весникот.
Рускиот пазар беше главното извозно подрачје за турските производители на храна. Анкара се обидува да пронајде алтернативни пазари за да ги продаде своите производи, но досега не дојде до успех.
Производите на Турција (само од земјоделскиот сектор) кои повеќе не можат да се продаваат во Русија вклучуваат замрзнато пилешко и мисиркино месо, свежи или замрзнати домати, црн патлиџан, краставици, пиперки, портокали, јагоди, кајсии и мандарини.