Вести
Тутун: Откупени 90 проценти од годинашната реколта
Просечната цена надмина 193 денари по килограм. Ако на оваа сума се додаде и субвенцијата од 60 денари по килограм, производителите во просек добиваат по околу 253 денари за килограм.
15-ти март е последен ден за откуп на тутун, но се чини дека целиот процес ќе заврши порано. Според податоците на Министерството за земјоделство, деветте откупувачи досега презеле 17 илјади и 600 тони, односно околу 90 проценти од очекувањата за годинашната реколта.
Просечната цена надмина 193 денари по килограм. Ако на оваа сума се додаде и субвенцијата од 60 денари по килограм, производителите во просек добиваат по околу 253 денари за килограм.
Досега вкупно се исплатени 3 милијарди и 56 милиони денари.