fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунари останаа без поврат на данок поради маски, скафандери и ракавици кои им се рачунаат како друг приход

Откупните претпријатија заштитните материјали ги уплаќаат како друг приход и со тоа им прават проблем на тутунарите

Тутунари останаа без поврат на данок поради маски, скафандери и ракавици кои им се рачунаат како друг приход. Тутунари се жалат во Зелна берза дека денеска прашале во УЈП зошто не можат да си го вратат данокот од предадениот тутун за 2019 години, а од таму им рекле дека имаат други приходи. При порверка кои се тие други приходи им рекле дека тоа се заштитини материјали (маски, скафандери, ракавици)  кои откупните претпријатија им ги даваат на тутунарите. Така тутунар од Прилепско вели дека останал без 200 евра поврат на данок. Откупните претпријатија заштитните материјали ги уплаќаат како друг приход. Па сега од УЈП на тутунарите им рекле да отидат до откупувачите и таму да бараат корекција на пријавата.

-Од Здружението Тутунска надеж аплеираме заради вакви проблеми да се проверува годишната даночна пријава. Долку имаат друг приход, а не знаат од каде, зедолжително да пуштат корекција на годишната даночна пријава ГДП. Зошто ако земјоделците не реагираат,  автоматски се потврдува даночната пријава со тоа се губи секое право земјоделецот да бара корекција и да си ги бара парите од данокот. Така многу земјоделци за 2019  го изгубија правото да си го повратат данокот од 2 проценти за предадените, откупени земјоделски производи. А за да имаат право на поврат на данок мора да имаат само земјоделски производи откупени во износ не повисок од 1 милион денари на годишно ниво, вели Ирена Змејкоска од здружението Тутунска надеж.

Од Тутунска надеж велат дека ќе бараат конслултација со правно лице, дали има надеж земјоделците сепак да си го оставрат правото и да ги ги повратат средствата од данокот.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close