ВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите и откупувачите на средба со министерот Хоџа

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска ќе одржи работен состанок со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун. На средбата, како што најави вчера заменик-министерот Трајан Димковски, ќе се разговара за ситуацијата со откупот. Димковски ја оцени состојбата со откупот како катастрофална, нагласувајќи дека цените се многу ниски, а и сите пунктови не се отворени.

– Оваа година почна катастрофално, сите пунктови отворени не се, а просечната цена е многу ниска, меѓу 140 и 170 денари. Решение мора да се бара. Ова е неочекувано, зошто се тргна со волку ниска цена, иако откупувачите најавуваа залихи и дека реколтата е со полош квалитет, рече Димковски по вчерашната посета на Штип.

Според Димковски, информациите од терен велат дека од понеделник би требало да бидат отворени сите пунктови за откуп.

Годинашниот род на тутунот се проценува на околу 23.000 тони. Произведените количини треба да ги преземат 10 откупни компании во земјава.

 

Слични написи

Back to top button
Close