ВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите ја блокираа половина од државата-масовен протест на Плетвар

Тутунарите денеска побараа да се обратат и пред пратениците во Собранието на Македонија затоа што велат дека револтот веќе е толку голем што малку недостасува целата ситуација да излези од контрола.

Тутунарите и денеска го блокираа патниот правец Прилеп-Скопје на преминот Плетвар. За разлика од вчера протестите денеска се интензивираат и закажани се да траат од 10 до 16 часот. Инаку Плетвар е единствениот патен правец, доколку не се оди преку Скопје, кој ја поврзува Источна со Западна Македонија. Така што слободно може да се каже дека во моментов е блокирана половина од државата. Тутунарите велат дека денес освен во Прилеп се протестирало и во други делови на Македонија, а Иницијативниот одбор на тутунарите утре ќе оделе и во Струмица каде според нив на тутунарите не им се дозволувало да протестираат од страна на полицијата, па сакале да се разреши и тој проблем. Инаку за утре во 15 часот во Општина Прилеп е закажана нова средба помеѓу тутунарите, Министерот за земјоделство и откупувачите на која тутунарите ќе бараат писмени гаранции од откупните фирми за тоа што ќе се договарат, за да не бидат излажани како пред една недела кога имаа состанок во Скопје.

„Имаме денеска протест во Велес, во Конче, имаме проблеми во Струмица и Радовиш каде луѓето се одбиваат да протестираат. Ние утре ќе присуствуваме во Радовиш и Струмица за да ги охрабриме. Имаат проблеми се одвраќаат од полицијата, поради кои причини не знаеме, но утре ќе го разрешиме и тоа. На средбата пак што ќе се одржи поплладнето во Општина Прилеп со Министерот и откупувачите ќе бараме писмени гаранции за тоа што се договоривме во Скопје. 5% одбиток масимален, да се откупи секој килограм на тутун во државава по реална цена. Флексибиилна линија на откуп како минатата и пред минатата година. Значи доколку ова се реализира тутунот ќе дојди од 190 до 200 денари за килограм“, истакна Игор Мирчески, Иницијатиивен одбор на тутунарите.

Тутунарите исто така денеска побараа да се обратат и пред пратениците во Собранието на Македонија затоа што велат дека револтот веќе бил толку голем што малку недостасувало целата ситуација да излези од контрола. Според тутунарите во моментов нивната мака се ценела нереално и до 2 класи подолу од вистиската вредност.

„Моето барање и од страна на тутунарите е да бидеме примени во Собранието на РМ, да не сослушаат сите пратеници, премиерот и Владата. Значи пред да стане хаос да бидеме сослушани за нашите маки“, вели Џемал Назифоски, тутунопроизводител. 

„Нашата мака сакаме само да се плати, тоа што е квалитетно и убаво го земаат во 4 и 3 класа, а знаеме како беше изминативе години се помиуваше во 2 и 1 класа. Ниие сега не бараме нешто што е 2 класа да оди во 1, ама и нема да дадеме нешто што е  2 класа да нии се цени како 4“, истакна Ријат Рамичевиќ, тутунопроизводител.

Од Иницијативниот одбор на тутунарите рекоа дека доколку и утре не биде постигнат договор протестите ќе продолжеле уште помасовно, а ќе се зголемувале и часовите на блокада на патиштата.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close