Агро бизнисВести
Тутунарите прашуваат-Уште колку закони се потребни за конечна исплата на „фамозниот“ антиковид пакет за тутунарите?
Законот е предложен од Министерството за земјоделство, за донесување по скратена постапка и со него се предвидени вкупно 307.500.000 денари поддршка.
Уште колку закони се потребни за конечна исплата на „фамозниот“ антиковид пакет за тутунарите?, прашуваат од новоформираното тутунарско здружение Тутунска надеж од Прилеп, откако Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите чија цел е намалување на последиците од корона пандемијата врз производството и откупот на тутунот.
Законот е предложен од Министерството за земјоделство, за донесување по скратена постапка и со него се предвидени вкупно 307.500.000 денари поддршка.
-Пак нови закони?
Уште колку закони се потребни за конечна исплата на фамозниот антиковид пакет за тутунарите?
Нели се беше решено, нели сите пречки беа отстранети уште пред два месеци? Сега министерот „крои“ нови пречки за исплата, пишува Васко Јосифовски од Тутунска надеж.
Тој смета дека нов предлог закон во ситуација кога веќе е донесен закон ја одолговлекува исплатата на помошта.
-А само пред три дена истиот тој министер вети исплата штом буџетот стане функционален.
Патем, како министерот планира да им ги надомести штетите на тие чиј тутун се уште виси по черените?, прашува Јосифовски.
.