fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Аирлија да е!- од рано изутрина тутунарите заминаа на откупните пунктови

Тутунарите си посакуваат среќа и добра цена на тутунот. Ако повторно ви се цени нереално не го давајте, им порачаа од Иницијативниот одбор.

Тутунарите членови на ФБ групата „Македонски тутунари“ постираат фотографии, како од рано изутрина се подготвени за откупот на тутунот. Меѓусебно си посакуваат среќа и добра цена.

-Да ни се насмеат лицата,

-Господ да е со нас,

-Убаво да ни платат, да се исплати и маката и тудот, пишуваат тутунопроизводителите.

Добар откуп им посака и Игор Мирчески од ИО.

-Аирлија да е денот за сите денес кои ќе носат , да им се плати и маката и трудот. Ако повторно ви се цени нереално не го давајте, протестите ќе продолжат со голем револт и гнев се до моментот на решавање на проблемот. Никој не може и не смее да си поигрува со нас земјоделците, им порача Мирчески.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close