Тутунарите во неизвесност како ќе тече откупот на тутунот, и дали ќе го блокираат „Сокотаб“?
-Подгответе се за Драгожани блокада на „Сокотаб“ 24/7 не само да пишувате коментари, туку сите заедно да извршиме притисок. Јас сум оптимист, министерот е гарант за потпишаните, вели Мирчески.
Тутунарите денеска се пред нова неизвесност како ќе тече откупот на тутунот и дали откупувачите овој пат ќе се придржуваат до договореното. Игор Мирчески од ИО на групата „Македонски тутунари“ очекува информации од тутунарите од самите откупни пунктови.
-Подгответе се за Драгожани блокада на „Сокотаб“ 24/7 не само да пишувате коментари, туку сите заедно да извршиме притисок. Јас сум оптимист, министерот е гарант за потпишаните, вели Мирчески.
На договорот од петокот се потпишани откупувачи, министерот и иницијативниот одбор и здружението, но не се потпиша само „Сокотаб“.
-Се договоривме на флексибилна линија, а што значи тоа. Тоа значи, тоа што е двојка ќе си оди двојка, сега оди во тројка. Тоа што е прва класа сега ќе си оди прва класа. Тоа што е трета класа ќе си оди во втора класа. Значи преодните берби да одат во погорна класа. Сега одат во подолна класа. До сега не даваа кец, сега ќе даваат и кец. Ако не се придржуваат до тоа ние ќе се вратиме на протестите, рече Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.
А.Б