вести

УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности

(Oвој напис е објавен на: февруари 20, 2017)

zemjodelstvo

Сувото време без врнежи од дожд изминатата седмица овозможи одлични услови за земјоделски работи на отворено, кроење на лозата и овошките, пред се на праската, како и подготовка на површините за градинарско производство.

– Сувото време ја дехидрира почвата во површинскиот слој со што постепено се овозможува влегување со механизација во нивите и изведување на првата прихрана на есенските посеви со азотни минерални ѓубриња, кое треба да се изврши во овој период од развојот, велат од УХМР.

Според Управата, влажниот бран што ќе ја зафати Македонија во текот на викендот кратко ќе ги прекине овие активности, но стабилното и суво време во текот на наредната недела земјоделците мораат да го искористат за активностите кои се актуелни во овој период од годината.

– Со пролетното кроење, делумно се санираат оштетувањата кај виновата лоза. Температурите на воздухот во утринските часови од -2 до -3 степени воопшто не им пречат на културите, напротив ги одржуваат во состојба на мирување, што е сепак добро, ако се земе предвид дека зимата се уште трае, додека дневните температури од 15 до 16 степени не се сериозна закана за почнување на вегетацијата, додаваат од УХМР.

Утре претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините постепено ќе поминуваат во снег, особено попладне. Во недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови и со повремен снег.

Интензитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 литри на метар квадратен, а во понеделник претпладне ќе престануваат. Во недела и понеделник ќе има благо опаѓање на дневната температура која ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.


 

сител

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close