fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Во Велес денеска-Саем на производи на лица со попреченост од рурални средини

Саемот го организира Националната федерација на фармери.

На платото пред Народниот Театар Велес денеска ќе се одржи Саем на производи на лица со попреченост од рурални средини кои ќе продаваат свои производи.

Ќе бидат промовирани земјоделски производи на лицата со попреченост кои беа дел од проектот „From Disability to FoodAbility” поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen.

Целта на проектот е подобрување на состојбата и инклузија на лицата со попреченост-деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните области.

Активностите во рамки на проектот се насочени кон социјална и економска поддршка на лицата со
попреченост и нивните семејства во руралните области преку инфраструктурни зафати и прилагодувања во производството на храна како што се фарми и градини со храна и зголемување на свесноста.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close