fbpx
ВестиТоп вести

Украина ја презема од Русија титулата на најголем извозник на житарици

Иако Русија, последните три години била водечки светски извозник на житарици, последните проценки до 30 јуни, покажуваат дека Украина ја повратила титулата на својот ривал. Министерството за аграрна политика и храна на Украина, предвидело дека извозот оваа година ќе достигне 50 милиони тони.

Сепак и Русија е на прав пат за добра жетва оваа година, за која се предвидува дека ќе достигне 118 милиони тони. Додека конечните извозни податоци на Русија за оваа земјоделска година не бидат објавени, официјалната прогноза за извоз изнесувала само 46 милиони до 48 милиони тони, а жетвата благо ќе се намали во однос на минатата година. Освен тоа, житариците станале главен извор за заработувачка на двете земји, а овогодишниот извоз вреди околу 20 милијарди долари за секоја земја. Ваквите прилики претставуваат и основа за развој на сточарството во двете земји.

Путин и нареди на Русија да развие „зелено“ зрно без ГМО

Извозот на житарици во Украина се зголемил за 26% во однос на минатата година. Извозот на пченка во Украина се зголемил за 62% и достигнал 29,8 милиони тони. Пченицата паднала за 9 %, на 15,6 милиони тони. Јачменот паднал за 18,6% на 3,6 милиони тони.

Претседателот Владимир Путин, рекол дека се очекува рускиот извоз на земјоделски производи да се удвостручи и да достигне 45 милијарди долари во следните пет години. Путин и наредил на Русија да развие бренд „зелено“ зрно без ГМО за меѓународниот пазар.

Во 2016 година, Русија станала светски лидер во извозот на пченица. Целосно, руското земјоделско производство се зголемило за 20% во последните пет години.

Месец јуни во Русија и Украина бил премногу сув, што претставува ризик за пченицата, јачменот, пченката и сончогледот.

Во Русија од 28 јуни, земјоделците собрале 8,6 милиони тони житарици со просечен принос од 4,05 тони по хектар.

Ова е споредено со 4,9 милиони тони со принос од 3,82 тони пред една година. Извезила 42 милиони тони жито од почетокот на сезоната 2018/19 до 27 јуни, што е за 19% помалку во однос на претходната сезона. Тоа вклучува 34,5 милиони тони пченица.

Минатата седмица, министерството продолжило да продава житарици од своите залихи – вкупно 1350 тони пченица.

Високите температури влијаеле и на раниот почеток на жетвата на маслодајната репка. Првите ожнеани површини (посеви оштетени во највисок степен) покажуваат принос од 1,15 МТ (метрички тони)/ха, но се очекува конечниот принос да биде нешто поголем од минатата година, односно 1,2 МТ/ха.

 

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close