fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Успешно авионско засејување на облаците за заштита од град!

Мерката за заштита на земјоделските површини од град, дава резултати со што земјоделските посеви се заштитени од уништување на родот.

Во текот на вчерашниот ден, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште, во соработка со Аероклуб Скоје, дејствуваше во Пелагонискиот регион и Охридско-Праспанскиот, со што повторно е спречена појава на град која би можела да нанесе штеи врз земјоделското производство, информираат од МЗШВ.
Во периодот од 12:37 до 12:56 часот, извршено е авионско засејување на градоносни облаци во Пелагонискиот регион, при што се употребени 7 палки сребрен јодид. Во Охридско-Преспанскиот регион делувано е со 11 палки во периодот од 13:03 до 13:54 часот.
УХМР заедно со Аероклуб Скопје, имаа неколку успешни акции и во текот на претходните денови 27.05 и 28.05.2021 година и сите се успешно реализирани.
Од досегашното искуство, очигледно е дека мерката за заштита на земјоделските површини од град, дава резултати со што земјоделските посеви се заштитени од уништување на родот.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close