Вести
Успешно реализирана четвртата регионална работилница за консолидација на земјоделско земјиште
Вчера во Штип (Хотел Изгрев), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), поддржано од проектот финансиран од Европската Унија – MAINLAND, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), ја одржа четвртата од циклусот регионални работилници за подигнување на свеста за консолидација на земјоделско земјиште кај земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште.
Обраќање на настанот имаа:
• Г-дин Кирил Георгиевски, Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели (МЗШВ)
• Г-ѓа Вилма Даугалиене, главен технички советник од ФАО (проект MAINLAND)
Целта на работилницата е да се зголеми локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште.
Присуствуваа повеќе од 80 земјоделци, сопственици на земјоделско земјиште, претставници на локални земјоделски организации, села и единици на локалната самоуправа, како и други важни локални партнери од источниот, североисточниот и вардарскиот регион.
Вакви работилници се одржаа и во Гостивар, Битола и Струмица.
До крајот на годината треба да се изберат новите консолидациони подрачја на кои ќе се работи во следните 3 години.