fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ване Митев од Василево на 2 хектара произведува над 200 тони зеленчук

Ване Митев вели дека и покрај несигурниот пласман нема да се откаже од земјоделството, бидејки за нив тоа е основен извор на егзистенција

41 годишниот Ване Митев од Василево е избран за градинар на годината на манифестација за Избор на најдобрите и најуспешните земјоделци. Наградата Митев ја доби за неговиот  ентузијазам, вложен труд, постигнати резултати со приноси од зеленчук но и желбата за осовременување на градинарското производство и покрај несигурниот пласман, објави Дрнка.мк.

,,Ова награда многу ми значи и сметам дека таа е дополнителна мотивација и охрабрување и понатаму да се посветам на градинарството. Преставува поддршка за мене и моето семејство, па и за псите земјоделци и онатаму да продолжат неуморно да работат и произведуваат, бидејки да се биде земјоделец во денешно време е навистина голем успех,, ни изјави Митев.

Ване Митев со земјоделство се занимава околу 20 години и смета дека со добро организирана и планска работа, примена на современи методи на одгледување и заштита и изнаоѓање на сигурни партнери за пласман, може да се егзистира од ова дејност. Поседува околу 20 декари земјиште и одгледува разновиден зеленчук. Годишно произведува над 200 тони зеленчук од кој најмногу краставици. Неговото производство го дели на пролетен есенски и зимски турнус.

,, На околу 4 декари имам засадено краставици. Од април до август произведуваме околу 100 тони краставици. Паралелно одгледувам и пролетна зелка.  Есенско одгледувам црвена зелка, карфиол и црвена пиперка а преку зимата одгледувам марули под оранжерија. Тоа ни е семеен бизнис. Постојано инвестираме во градинарството. Цело семејство работиме,, ни кажа Митев.

Ване Митев вели дека и покрај несигурниот пласман нема да се откаже од земјоделството, бидејки за нив тоа е основен извор на егзистенција. Засега не планира да ги зголеми површините под градинарски култури иако во догледно време на ја исклучува и таа можност оти производството на храна на светски размери добива на цена.https://drnka.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close