Ваучерите за домашен туризам ќе бидат поделени следната недела
Годинава сите што аплицирале за ваучери за домашен туризам, а што ги исполнуваат условите ќе добијат ваучери..
Годинава сите што аплицирале за ваучери за домашен туризам, а што ги исполнуваат условите ќе добијат. Министерството за економија објави дека обезбедени се доволно финансии за да се смени моделот односно наместо како лани ваучери да добијат само првите кои аплицирале по принципот прв дојден прв услужен годинава на летување со ваучер ќе одат сите над 4 илјади апликанти кои ги исполнуваат условите. Според министерот за економија Бектеши се очекува ребалансот да помине во собранието и веќе од следната недела да се поделат ваучерите кои ќе важат до крајот на годината.
И додека хотелско туристичките работници се жалат дека годинава е една од најлошите министерот уверува дека сите планирани и ветени мерки и субвенции за секторот ќе бидат исплатени со усвоениот ребаланс рече Бектеши