fbpx
Вести

Велика Британија произведе 9 од секои 10 шишиња виски во ЕУ во 2016-та

viski

Во 2016-та година во Европската унија беа произведени 630 милиони литри чист алкохол, со цел да дестилација на виски. Ова е 90 милиони литри помалку од 2015-та година и 170 милиони литри помалку од максимумот на производството во 2012-та година, објави „Евростат“.

По глава на жител во 2016-та година, има нешто над 1,2 литри чист алкохол, а во монетарна смисла, производството достигнува 4,4 милијарди евра.

Велика Британија доминира на пазарот

Со продукција од над 3,7 милијарди евра Обединетото Кралство води далеку пред останатите производители во 2016-та година. Велика Британија произведува 88% од вкупната количина виски во ЕУ или 85% во монетарна смисла.

Со други зборови, околу девет од десет шишиња виски произведени во ЕУ доаѓаат од Обединетото Кралство.

Логично, Велика Британија е, исто така, најголем извозник на виски со производство од 5 милијарди евра во 2016-та година, при што 69% од земјите не се членки на ЕУ. Така, Лондон извезува речиси три четвртини од вкупниот износ што го оствари ЕУ во текот на годината.

Виски за 3,1 милијарди евра увезле земјите членки во 2016-та година. Најголемиот увозник е Франција со увоз за 750 милиони евра, или 24% од вкупната вредност на увозот во ЕУ. Во рангирањето за увозот следат Германија (441 милиони евра, 14%), Шпанија (372 милиони евра, 12%), Холандија (264 милиони евра, 9%), Велика Британија (202 милиони евра, 7%) и Полска (128 милиони евра, 4%).

Извозот на виски во трети земји од ЕУ изнесува 4,3 милијарди евра. Главната дестинација е САД со 1,4 милијарди или речиси една третина од вкупниот извоз во трети земји. Потоа следат Сингапур (306 милиони, 7%), Тајван (220 милиони, 5%) и ОАЕ (187 милиони, 4%).

САД се главен партнер и при увозот на виски од трети земји, кој достигнува 626 милиони евра во 2016-та година. Поголемото количество патува низ Атлантикот (506 милиони евра, или 81% од вкупниот увоз од земји надвор од ЕУ).


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close