fbpx
Агро бизнисВестиЕкологијаТоп вести

Верниците се искачија до црквата „Св. Спас“ над Маловишта

Спасовден голем ден!

Патека долга над 3,5 км од селото Маловиште, Битолско  води до црквата „Св. Спас“ на надморска височина од 1886 метри. Верници од Битола и околината на денешниот голем ден Спасовден се искачија до црквата да запалат свеќи за здравје.

Патеката што води до црквата е планинарска, рекреативна, делумно алпинистичка и визуелно е атрактивна, со поглед и видливост кон Преспанската Котлина, кон врвовите на Баба Планина, Пелистер и прекрасен поглед, од птичја перспектива, кон селото Маловиште, кое лежи од двете страни на реката Маловишка Река (Шемница). Искачувањето е околу 2 часа.

Патеката е од значителен туристички интерес, особено за посетителите на село Маловишта, кои се искачуваат до „Св. Спас“ за одбележување и на Спасовден, денот на црквичето. Патеката е позната како Патека до Св. Спас и е возбудлива за оние кои сакаат да ја видат поголемиот дел на Баба Планина, но и Преспанско Езеро, како и да доживеат „авионски“ поглед кон селото Маловишта.

Подготвил А. Блажевска

Фото Љупчо Дојчиновски

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close