fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ВЕТИНФО платформа – Ветеринарите во служба на здравјето на животните и луѓето!

Ветеринарната комора на Република Северна Македонија ја разви Ветеринарната платформа ВЕТИНФО со цел да се вклопи во тековните потреби на сопствениците на животни и миленичиња во услови на пандемија со вирусот КОВИД 19.

Во услови на ограничени движења како последица на корона кризата платформата е само нов  вид на алатка кој овозможува полесна комуникација меѓу меѓу сосптвениците на животни и докторите по ветеринарна медицина.

За да се  користат  бесплатните услуги на ВЕТИНФО потребно е да се најавите на следниот линк www.vetinfo.mk.

Како што велат од Ветеринарната комора, тим на ветеринарни доктори
одговараат на прашања поврзани со здравјето на нивните домашни животни и миленици преку он – лајн  текстуални пораки и видео комуникација.

Професионален тим на лиценцирани доктори по ветеринарна медицина достапни  се 24 часа секој ден, одговараат на прашања поврзани со здравјето, хигиената, исхраната, однесувањето и многу други прашања поврзани со здравјето и грижата за домашните животни и миленици.

Како што објаснуваат од комората со користењето на оваа платформа се намалува  ризикот од ширење на коронавирус, се намалува стресот кај домашните миленичиња од посета на ветеринарна амбуланта, клиника или болница, се овозможува почеста комуникација со докторите по ветеринарна медицина. Платформата е изработена со поддршка на  Фондот за иновации и технолошки развој, информираат од Ветеринарната комора.

П.Ј.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close