fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Вевчани подготвено за вековната традиција – Вевчанскиот карневал

Дефилето почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото

Речиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака за позитивни промени. Вевчанци се подтотвени, финишира изработката на маските, а публиката, како од земјава, така и од странство е во исчекување со што ќе изненадат овие креативни луѓе. Добро познато е дека гостопримливите и љубезни вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе бидат маскирани, пренесува https://nezavisen.mk

Вевчани наредните два дена ќе пулсира во знакот на хуморот, сатирата, но и отворената критика кон негативното во секојдневието, кон општеството, светот, сето прикажано низ колоритните маски ш

Вевчани пулсира во знак на Карневалот

Преку необично преплетување на пагански и христијански обичаи, на само за Вечани препознатлив начин организирани во две групи, Долна и Горна маала василичарите и годинава ќе се обидат да го избркаат злото со благослов за среќно и бериќетно ново лето.

Дефилето на креативните василичари, често пати нарекувано театар на отворено, без сценарио и режија, традиционално почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го играат традиционалното василичарско оро. Поворката ја предводат зетот, невестата, глупавите Августи и ѓаволите, сите со своите симобилики. Зетот и невестата се симбол за плодност, продолжување на семејството, додека ѓаволите се обидуваат да го победат човекот. Најтешка задача со своите карактеристични крикови имаат глупавите Августи, кои како заштитници околу зетот и невестата замавнуваат со кожи од животни, што честопати завршуваат и во толпата која љубопитно гледа какви маски ќе продефилираат и ужива во магијата на хуморот и сатирата. Веднаш зад нив се и останатите маски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close