Викенд Агро – Метео

(Oвој напис е објавен на: August 18, 2017)

Денес е петок, 18 август 2017 година, 230-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:39, а ќе зајде во 19:33 часот. Денот ќе трае 13 часа и 54 минути.

Пред нас е уште еден топол августовски ден, како најава за тоа е сончевото и топло утро со утрински температури кои што се над просечните за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе преовладува претежно сончево и многу потопло време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигнува брзина и до 20 км/ч. Утринските температури ќе бележат благ тренд на опаѓање и ќе се движат во интервал од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во благ пораст и во текот на денот ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индекс 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес сончево и многу топло време. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 18 степени, додека пак максималната дневна температура до 34 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота малку посвежо утро со утрински температури од 9 до 19 степени, а во текот на денот сончево и топло време со дневни температури од 28 до 38 степени. Во недела во утринските и претпладневните часови претежно сончево и топло време, попладне појава на локална облачност која што постепено ќе се зголемува, а во доцните попладневни и во вечерните часови продор на влажна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Максималните температури од 27 до 37 степени. Во понеделник во утринските и претпладневните часови нестабилно време со локални врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Утринските температури од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 27 степени. Во вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време, минималните температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни од 19 до 29 степени.