Намалена цена до 8 отсто од сумата може да добие винарницата што ќе го исплати целото грозје во рок од седум дена од приемот. Ако, пак, се реши да плаќа на рати, максималното одолжување е до април следната година. Според новите измени на Законот за виното, кои се во собраниска процедура, првата рата во висина од најмалку 20 отсто од сумата мора да ја исплати најдоцна до 30 ноември тековната година. Лозарот, пак, втората рата или 40 отсто од сумата би ја добил најдоцна до 15 февруари наредната година.
Предлог-законот предвидува можност откуп на винско грозје да може да вршат и производители на вино и трговци наменето за извоз. Трговците истото грозје може да го продадат на домашни винарски визби само ако за истото во целост се исплатени финансиските обврски кон производителот на грозје.
Во Министерството за земјоделство велат дека измените се направени за да се доуредат односите на производителите на винското грозје, трговците со винско грозје и производителите на вино од аспект на откупот на винско грозје за производство на вино, како и периодот, роковите и начинот на исплата на откупеното винско грозје меѓу винарниците и лозарите.
Цената не е променета
Според измените на Законот, цената на винското грозје за производство на вино се утврдува и се исплаќа врз основа на шеќерни единици. Трговците и производителите на вино се должни во моментот на откупот на винското грозје за производство на вино да ги измерат шеќерните единици на грозјето и на производителите на грозје да им издадат потврда за количеството откупено грозје и шеќерните единици на грозјето за секоја сорта на винско грозје поединечно.
Според измените на Законот, цената на винското грозје за производство на вино се утврдува и се исплаќа врз основа на шеќерни единици. Трговците и производителите на вино се должни во моментот на откупот на винското грозје за производство на вино да ги измерат шеќерните единици на грозјето и на производителите на грозје да им издадат потврда за количеството откупено грозје и шеќерните единици на грозјето за секоја сорта на винско грозје поединечно.
Според измените, трговците ги пријавуваат количествата купено и продадено грозје од последната берба најдоцна до 30 ноември во подрачните единици на Министерството. Од обврската за пријавување изземени се трговците со грозје што пласираат помалку од еден тон грозје.
Нема трговија со вино без опрема
Според новите измени, производството на вино за продавање може да врши само физичко и правно лице што располага со соодветни простории и опрема. Опремата може да биде негова сопственост или изнајмена.
– Правното лице треба да има вработено најмалку едно лице со завршено високо образование од областа на винарството или лозарството, а физичкото лице мора да има завршено високо образование од истата област. Ако нема, тогаш треба да има со договор ангажирано лице со завршено соодветно образование. Законот не дозволува финансиски обврски за купено винско грозје во претходните години, а винарниците не треба да се избришани од Регистарот на производителите на вино во претходната календарска година – се вели Законот.
Според измените, запишаните винарници во регистарот се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да достават до Министерството извештај за претходната година за тоа дека немаат заостанати долгови.
Глоби до 15.000 евра
Глоба во износ од 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице, односно трговец поединец за прекршок ако додава сахароза во вино. Исто толкава казна предвидува Законот ако винарница произведува и става во промет вино без да биде запишана во Регистарот на производителите на вино.
Kазна со ист износ ќе добие и секој што става во промет вино без решение или вино од увоз за кое не е издадено уверение за физичко-хемиска анализа на виното. Покрај глобата, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење дејност во траење од три месеци до три години.