fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Вино – наследството што го пиеме“

Работилницата денеска ќе се одвива во „Музејот на виното во Демир Капија“.

На 13.05.2022 година во организација на ХАЕМУС ќе се одвива „Вино – наследството што го пиеме“, еднодневна едукативна работилница за толкување на виното и винските производи како наследство кое е од голема вредност за одржливиот развој на културниот и природниот туризам! Работилницата е наменета за оние кои сакаат да го прошират кругот на своите посетители со нов, креативен и ефикасен пристап, а со тоа и да ги зголемат продажните канали, како и за оние кои професионално се занимаваат со одреден бизнис којшто во голема мера го допира природното или културното наследство, но пред сѐ е фокусиран на локалното вино и гастрономијата.

„Оваа интерпретациска работилница преку голем број интерактивни и креативни вежби ќе им овозможи на учесниците да го приближат нашето винско наследство поблиску до посетителите и да предизвикаат кај нив резонанца и длабоко разбирање за локалната традиција со помош на методите и техниките на толкувањето на наследството. Сакаме да ги поддржиме сите оние кои сакаат да ги подобрат, да внесат разновидност или да додадат вредност на нивните вински производи и услуги, користејќи го природното и културното наследство и притоа да создадат „искуства од прва рака“ важни за посетителите и вредни за паметење на виното како наше нематеријално културно наследство“ – вели м-р Василка Димитровска од ХАЕМУС.
Работилницата ќе се одвива во „Музејот на виното во Демир Капија“. Наменета е пред сѐ за винарите, винариите и нивните вработени, угостителите, сопствениците на сали за винска дегустација, сомелиерите, но и сите оние кои професионално се занимаваат со одреден бизнис којшто во голема мера го допира виното како културно наследство, a главно е фокусиран на локалната гастрономија. Обуката е во рамките на проектот „Интерпретација на гатрономијата како културен идентитет“ поддржан од европската програма i-Portunus и се прави во партнерство со Општина Демир Капија и „Слоу фуд Македонија“.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close