fbpx
ВестиТоп вести

Високи субвенции за сончоглед и сигурен откуп

Субвенции за сончоглед согласно засеани површини:

Од 1-5 ха субвенциите се 15 000 ден од хектар
Ако насеете од 5 до 20 ха. тогаш субвенциите се по 23 160 ден. од хектар или вкупно ќе добиете 463 200 ден.
За 40 ха насеани со сончоглед ќе добиете по 20 280 ден. од хектар или вкупно 811 200 ден.
За тие агробизнисмени што ќе насеат 100 ха под сончоглед , субвенциите се по 10 632 ден. од хектар или вкупно 1.063 200 денари.
Напомена, за да се добијат овие субвенции земјоделците мора да користат сертифициран семенски материјал и да имаат производство над 1 500 кг од хектар.
На овој начин се гарантира дека субвенциите ќе имаат развојна компонента, а не да се мисли дека ќе се насее и ќе се земат субвенции.
Откупот ви е гарантиран со склучување на договор со откупувачот, а цената ќе биде пазарна, но со примената на сите потребни агротехнички мерки и се надевам поволни климатски услови, ќе добиете добар принос со кој ќе имате исплатливо производство.
Да напоменам уште тоа дека активноста на работната група за сончоглед, како и Асоцијацијата на производители на сончоглед  заедно со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, ќе го следиме целиот процес од сеење до откуп на родот и при тоа ќе ви се даваат потребните информации за навремена заштита, прихрана, ѓубрење…се со цел да добите добар и квалитетен род и да ги оправдате субвенциите а и да заработите.

Фејсбукс статус на Ленче Николовска- посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ


 

brif.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close