fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Владата даде над милијарда евра, има ли ефект: Се подготвува петтиот пакет мерки

Се најавува петтиот сет антикризни мерки.

Се најавува петтиот сет антикризни мерки, но во јавноста се уште нема детали односно анализа за тоа кои беа конкретните ефекти од претходните четири. Иако е познато колку пари се дадени и кон кои корисници, отсуствува детална анализа за ефектите. Вомеѓувреме се очекуваат новите мерки за кои Владата тврди дека ќе излезе кон крајот на овој месец или најдоцна во првата недела од февруари. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави вчера дека во тек биле консулатациите со стопанските комори и со сите засегнати страни, за да се донесат што поефикасни решенија.

„Во моментов разговараме, не се точно дизајнирани мерките. Има различни предлози, но во рамки на можностите и буџетските средства определени за КОВИД програмата и секако, по состаноците со стопанските комори, ќе излеземе и заеднички ќе ги презентираме, рече Бектеши.

Министерот оцени дека досегашните четири пакети го даддоа очекуваниот резултат, и во делот на зголемување на ликвидноста на компаниите и во делот на зачувување на работните места.

Премиерот Зоран Заев пред извесно време рече дека досега со економски мерки се поддржани најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на корона-вирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од 14.500 до 21.778 денари.

„Една милијарда и сто и педесет милиони евра се поделени пари по сите основи, кои досега ги развивме како пакети и продолжуваме понатаму. Им се помогна на категориите, активни баратели на работа, вработени со плата до 15.000 денари, младите, студентите кои добија ваучери, картички и слично.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close