fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Владата даде зелено светло, „Халкбанк“ ќе го работи платниот промет за Македонска Пошта

Владата конечно даде зелено светло за Халкбанк да започне да го работи платниот промет за државната компанија Македонска Пошта.

Владата конечно даде зелено светло за Халкбанк да започне да го работи платниот промет за државната компанија Македонска Пошта. На владина седница е донесена одлука со која се дава согласност за склучување на договор, а со тоа се одобри и договорот помеѓу Пошти и Халкбанк за висината на надоместоците за вршење на услугите. Според договорот,  со Халкбанк ќе започне да функционира платниот промет на пошта за два месеци, а од остварениот заеднички приход 71отсто ќе биде за државната пошта, а пак 29 отсто ќе влезат во касата на Халкбанк. Пред повеќе од дваесет дена пошта одлучи соработката да ја продолжи со оваа банка откако пропадна Еуростандард банката која го водеше платниот промет на оваа компанија.

https://alsat.mk/mk/vladata-dade-zeleno-svetlo-halkbank-ke-go-raboti-platniot-promet-za-makedonska-poshta/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close