Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Владата ги замрзна цените на лебот, месото, млекото, сирењето и маслото
Најнова вест!
На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Цените ќе бидат замрзнати на нивото од 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.
Станува збор за производите: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.
Бектеши вели дека од мерката се исклучени цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Одлуката ќе важи до 31 јануари 2022 година.