fbpx
ВестиТоп вести

Во 21 општина понудени под закуп 3.300 хектари

Нa третиот оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште во 21 општина се понудени вкупно 3.300 хектари. Површините се од 19 во Ресен до 440 хектари во Велес.

Почетната цена за земјоделското земјиште од прва и втора класа е 120, за трета и четврта  90, а за другите класи од 60 до 30 евра за хектар.

ниви

Доколку земјоделското земјиште се наоѓа повисоко од 1.000 метри надморска височина почетната цена е пониска.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица, а должината на закупот е од 15 до 70 години во зависност од културата што ќе се одгледува.

Правните лица треба да достават бизнис план, а физичките програма за користење на земјиштето.

Банкарска гаранција за учество на електронското наддавање е во висината на деветмесечната закупнина на бараното земјиште.

Огласот трае 45 дена од објавувањето.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close