fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Во 21 век пијат вода од бунари и селски чешми – системите за водоснабдување застарени и со мал капацитет

Водата од водоводот во делчевското село Стар Истевник не се пие. Проблемот со водата во ова село е стар и познат, уште пред педесетина години. Најчесто недостиг на вода се јавувал во периодот кога се одгледуваат градини и посеви.

Водата од водоводот во делчевското село Стар Истевник не се пие. Во неа жителите наоѓаат песок што надоаѓа од планината. Оваа вода ја користат како техничка, а за пиење се снабдуваат од селските чешми. Проблемот настанува во лето, кога се случува да ја има само по еден час од денот. Едните ја користат за да си ги полеваат градините, други не си ги поправаат расипаните чешми по дома, за третите да останат без вода.

Борче и Симона Димитровски се меѓу ретките млади луѓе кои решија да го напуштат градот за да уживаат во селската идила. Но, уште во почетоците се соочиле со недостиг на вода. Цело време мислеле дека не доаѓа доволно вода во селскиот резервоар и дека водоводот не е добро поставен. Но, водоводот, како што забележуваат тие, има капацитет да ги снабди постојаните домаќинства во селото, кои се 20-тина на број.

Во резервоарот доаѓаат околу 90 метри кубни во период од 24 часа. Ова според Борче и Симона е повеќе од доволно да се задоволат потребите за нив и нивните соселани, но и на оние кои доаѓаат само за викенд или празници. Сепак, нерационалното искористување на водата, себичноста и ниското ниво на свест кај селаните го создава проблемот, забележуваат тие.

Проблемот со водата во ова село е стар и познат, уште пред педесетина години. Најчесто недостиг на вода се јавувал во периодот кога се одгледуваат градини и посеви.

„Водата во село Стар Истевник не се наплаќа бидејќи не е стопанисувана од јавното претпријатие.

Поради тоа, селаните садат големи површини земја со култури како: грав, пченка, компир и сл. кои ги наводнуваат од водоводот. Покрај ова, на многу места има расипани чешми и вентили каде водата постојано си тече и така бадијала се испразнува резервоарот додека некои немаат вода ни раце да измијат. За предлогот да се даде водата на стопанисување на јавното претпријатие, селаните не сакаат ни да слушнат. За среќа во селото има пет селски чешми, па селаните од таму, со шишиња и туби, носат вода до своите домови за остварување на основните потреби“, ни раскажува младиот делчевски пар.

Кога решиле да живеат на село, ја повикале месната заедница на состанок за заеднички да разговараат за овој проблем и да изнајдат решение. Се организирале и работни акции за санирање на селскиот водовод. Во нив, со сопствена механизација учествувале помладите од селото и оние кои имаат потекло од таму, успевајќи да пробијат пат до зафатот и да го обноват. Помош добиле и од Општина Делчево, до која претходно доставиле официјално барање.https://www.radiomof.mk/vo-21-vek-pijat-voda-od-bunari-i-selski-cheshmi-sistemite-za-vodosnabduvanje-zastareni-i-so-mal-kapacitet/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close