Во Дебарско досега реализирани 30 отсто од пролетната сеидба
Најголема површина или околу 180 хектари ќе бидат засеани со житни култури
Земјоделците од подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, до сега реализирале 30 отсто од планираните пролетните сеидбени работи.
Според Арбен Муладаути, вршител на должноста раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со пролетни култури ќе бидат засеани 227 хектари.
-Најголема површина или околу 180 хектари ќе бидат засеани со житни култури, од кои 70 со пченка, која како што се знае се засејува на почетокот на мај, 15 со пролетен јачмен, по 10 хектари рж и овес и 5 хектари пролетна пченица. Што се однесува до пролетниот јачмен, сеидбата веќе е завршена, вели Муладаути.
Според него, на останатите планирани површини ќе се најдат фуражните на 65 и градинарските култури на 50 хектари.
-Кај градинарските култури најголема површина или 20 хектари се планира засадување на бостан, на по пет хектари компир, грав, кромид и зелка, додека на останатите површни ќе се најдат пиперката, доматот и краставицата. Со фуражни култури ќе бидат засеани 65 хектари од нив 45 со познатата по квалитет дебарска луцерка, посочува тој.
Што се однесува до индустриските култури планирани се само два хектара со сончоглед.
Муладаути оценува дека пролетната сеидба се одвива според планираната динамика и очекува да заврши во оптималниот рок. Тоа, поради доволната влага во почвата и фактот дека земјоделците располагаат со сета потребна механизација, квалитен семенски материјал и ѓубрива.https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=406822