fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Има исплата на субвенции за обележани грла говеда, кози, задржано женско јагне

Има исплата и за 206 тутунопроизводители кои во минатиот период ги подмирија долговите за вода и пашарина.

На сметките на 11,785 субјекти исплатени се  близу 617,6 милиони денари за субвенции. Тоа е исплата на субвенции за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои  задржале женско јагне информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Според него со оваа исплата има средства и за 206 тутунопроизводители кои во минатиот период ги подмирија долговите за вода и пашарина. На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020.

Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите  за засеани површини со сертифициран семенски материјал, а ќе следи и исплата на сите кои ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка за мерка 2.17 директни плаќања за регистрирано презимено пчелино семејство. Во текот на наредната недела продолжува обработката на барањата за произведено и предадено млеко, по што сите кои ги исполниле условите ќе им биде исплатена финансиската поддршка – информира Бачовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close