Во Куманово се одржа завршен настан за „Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020“
Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Куманово организира завршен настан за Кампањата за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020.
Во тек е изработка на две упатства за елаборати за животна средина и услови за копање бунари во подрачја каде не постојат системи за наводнување кои што ќе може да се користат по нивното одобрување , од сите оние кои се фокусирани на ИПАРД Програмата и искористувањето на пари од европските фондови. Ова беше кажано на завршниот настан во Куманово за „Кампања за публицитет за ИПАРД Програмата 2014-2020 што ја одржа Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На настанот беа презентирани активности што беа насочени кон подобра промоција и искористување на ИПАРД Програмата.
Кампањата почна на 21 номеври 2018 година, а заради Ковид кризата беше продолжена. Проект менаџерот на кампањата Сашка Јовановска рече дека се одржани повеќе од 80 инфо – едукативни денови во општините и руралните места низ целата држава за потенцијални корисници на ИПАРД средства.
На настанот беше најавено дека и во иднина ќе се продолжи со информативни активности за европските можности што оваа програма ги нуди за македонските земјоделци.