fbpx
Вести

Во “Македонски Дом” во Русија се презентираат македонски земјоделско-прехранбени производи

makedonski

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера во Москва, Русија, го посети најголемиот агрокластер во Источна Европа, #FoodCity, во чии што рамки работи постојаниот изложбен штанд на #МакедонскиотДом.

Токму во склоп на „Македонскиот дом“, досега се претставени 18 компании, од 5 гранки, од конзервната, млечната, винската индустрија, како и останати кондиторски производи. „Македонскиот дом“, беше отворен во март минатата година, врз основа на договорот на Македонска руска стопанска комора и Трговската комора на Москва.

Функционирањето на овој дом е важно за промоција на македонските земјоделско-прехрамбени производи, бидејќи компаниите кои се претставуваат, имаат можност да работат со руските компании од регионите но и од другите земји кои имаат свои претставништва во Руската Федерација.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close