fbpx
Вести

Во март поевтинил алкохолот, поскапела храната

hrana

Државната статистика пресмета: индексот на цените на угостителските услуги во март 2017 година, во споредба со претходниот месец е зголемен за 0.1%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите храна за 0.2% и безалкохолни пијалаци за 0.1%. Кај алкохолните пијалаци е забележано намалување за 0.4%.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2017 година, во однос на лани е зголемен за 0.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-март 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3%, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0.1%


 

макфакс

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close