fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Во пресрет на 8 Март се бара цвет повеќе

За цвеќе има побарувачка во текот на целата година, а не само за 8 март

 

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 март цвеќарниците имаат зголемен обем на работа. Цвеќето носи радост, а се купува за многу поводи. За разлика од годините во минатото кога цвеќе се купувало само за  8 Март и за недај Боже умирачка, во поново време се менуваат навиките. За цвеќе има секогаш побарувачка, што  дава надеж дека на цвеќарството како дејност може да и се предвиди убава иднина.

-Пред празникот има поголем обем на работа и се бара секое цвеќе. Понудата е голема. Има над 60-7- врсти на саксиско цвеќе и 15 врсти на режано, почнувајќи од каранфили, ружи, лалиња, хризантема, вечна роза и др. Цените се реални и како секоја година од 40 ден па нагоре. Осум години сум во овој бизнис. Со добра посветеност,волја и  љубов кон цвеќето може да се работи и заработи. Цвеќето сака голема нега, вели за Зелена берза Роберт Мицковски сопственик на цвеќара Уна од Битола.

Дека со одгледувањето на цвеќиња може да постигне просперитет потврдува и Нада Пресилска од Могила. Љубовта кон цвеќињата ја охрабри пред неколку години да започне да се занимава професионално со цвеќе и да си отвори цвеќарница.

Прво во с. Могила, за сега да се прошири и во Битола. И во нејзината цвеќарница понудата е разновидна, секакво саксиско и режано цвеќе. Особено се актуелни оваа година цвеќињата прочистувачи на воздухот. Тука се  најразлични врсти на ружи од оние класичните па се до оние со име „вечна ружа“ во различни бои.

 

 

– Има избор што ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови. Навиките кај населението веќе се менуваат. Можеби сега има поголем обем на работа, заради празникот, но цвеќето се купува и кога не е празник, вели Нада Пресилска сопственик на цвеќарницата „Пресил“. Секако потребно е внимание да се посвети, затоа што цвеќето бара посебна нега, труд и љубов за да успее, не е пластично, живо е, додава Нада.

Цвеќарството е многу убава дејност, и тука не е потребна само идеја и добро разработен бизнис план. Во неа може да успеат само оние што ги сакаат цвеќињата и што умеат со нив , затоа што ова не е само обичен бизнис туку многу посветеност која цвеќињата умеат да ја вратат со уште поголема среќа, објаснува Нада.

П.Ј.

Слични написи

Back to top button
Close