Во секое министерство ќе бираме најдобар административец, најави вицепремиерот Николовски
Ќе воведеме кол центар за пријавување на корупција. Преку него правните и физичките лица ќе може да пријават и ненавремено постапување на надлежните институции во однос на барања, решенија, за сето она што тие треба да им служат“, рече Николовски.
Преку кол центар граѓаните ќе можат да пријавуваат корупција, но и непостапување на администрацијата по нивните барања и предмети. Ова денеска го најави вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски на прес-конференцијата најавувајќи ги проектите за оваа година „Европски стандарди дома преку Акција 21“.
„Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година, ќе почнеме кампања за подигнување на свеста кај граѓаните и запознавање со механизмите за спротивставување кои им стојат на располагање. Ќе воведеме кол центар за пријавување на корупција. Преку него правните и физичките лица ќе може да пријават и ненавремено постапување на надлежните институции во однос на барања, решенија, за сето она што тие треба да им служат“, рече Николовски.
Годинава како што најави Николовски ќе биде воспоставен нов електронскиот систем за инспекција, т.н. е-инспектор, со кој ќе се поврзат сите 28 инспекциски служби под капата на Инспекцискиот совет.
„Со овој систем ќе се намали субјективното влијание на секој инспектор, дали, каде и каква контрола ќе врши“, рече Николовски.https://sdk.mk/index.php/makedonija/vo-sekoe-ministerstvo-ke-birame-najdobar-administrativets-najavi-vitsepremierot-nikolovski/