Во Собранието денеска седница на комисијата за земјоделство
Седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители, во прво читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На предложениот дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог-законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, предлог-законите за адвокатурата, за граѓанската одговорност за навреда и клевета, за Академијата за судии и јавни обвинители и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите во прво читање.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во второ читање и Годишниот извештај за работењето на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година и финансиските извештаи на оваа институција за 2020 година.
Предлог-законот за дополнување на Законот за ловството во прво читање, поднесен од група пратеници е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.