fbpx
Вести

Во тек аплицирањето на лозарите за субвенции за предадено грозје во регистрирани визби

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес неделава почна аплицирањето на  лозарите од велешкиот поширок регион за добивање субвенција,  1 денар по килограм за предадено грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“, исклучиво во регистрирани Винарски визби.

Како што информира Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ во Велес, кај нив веќе има пријавени заинтересирани лозари за оваа субвенција на Владата.

-Тие заедно со  апликацијата која ја добиваат од кај нас, треба да достават и белешка од Винарската визба како потврда за предадените количества грозје, појаснува Наковски.

Пријавувањето за лозарите за оваа субвенција ќе трае до 25 декември, по кој рок лозарите што ги исполнуваат критериумите, ќе ја добијат и предвидената субвенција, појаснуваат од Подрачната единица на МЗШВ.


 

vecer.press

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close