вести

Во велешко за субвенции барања поднеле 2400 земјоделци

Во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес  до вчера, кога и истече рокот за поднесување на барања за субвенции, во поширокиот велешки регион за оваа парична помош од Владата барање поднеле 2.400 земјоделци.
vo veleshko za subvencii baranja podnele 2400 zemjodelci
Според Вили Бочваров од Подрачната единица во Велес, најголем интерес земјоделците од велешко пројавиле за одгледување на житни култури, за подигање на овошни и лозови насади и за сточарство. До 20 јуни за субвенции во млекопроизводството, барање за субвенции поднеле околу 200 млекопроизводители од овој регион.
-Субвенциите се голем потик за земјоделците и во многу придонесуваат за зголемување на нивните површини и производство на разни проверени и нови  земјоделски култури. Радува податокот што од година во година се’ поголем е бројот на земјоделците од велешко кои се  заинтересирани за добивање на парични субвенции од Владата. Посебно  и тоа што се поголем број на млади луѓе од велешко на овој начин со субвенционирање одлучуваат да станат земјоделци и така да си обезбедат егзистенција за себе и своите семејства, потенцира Бочваров.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close