fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Вредна збирка стари семиња од регионот на Белчишкото Блато предадена на Земјоделскиот факултет

Станува збор за 58 примероци од локални сорти грав, пиперка, домат, граор, босилок, тиква, пченка, пченица, морков, лук, пепун, праз, како и ретки видови диви растенија како Бертолониева жалфија, флорентинско јаболко, киселец, острика, класатка и други.

Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје му предаде вредна збирка примероци семе од автохтони видови растенија карактеристични за регионот околу Белчишкото Блато во Дебрца.

Станува збор за 58 примероци од локални сорти грав, пиперка, домат, граор, босилок, тиква, пченка, пченица, морков, лук, пепун, праз, како и ретки видови диви растенија како Бертолониева жалфија, флорентинско јаболко, киселец, острика, класатка и други.

Семето и податоците за семето предадени на Факултетот ќе бидат достапни за користење од домашни и странски институции за научни цели и може да се дадат на чување во друга меѓународна ген-банка.

Проектот за предавање и конзервација на вредната збирка стари семиња е спроведен во рамки на пошироките активности за зачувување на Белчишкото Блато. Со нив е предвидена изработка на Студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за негово прогласување за заштитено подрачје со теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето.

Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) од каде блатото е препознаено како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава.https://nezavisen.mk/vredna-zbirka-stari-seminja-od-regionot-na-belchishkoto-blato-predadena-na-zemjodelskiot-fakultet/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close