fbpx
Вести

Времето денес и за викендот кој следи

И ова утро во Македонија имавме сончево и посвежо време. Само во регионот помеѓу градовите Скопје-Велес-Куманово имавме појава на локална облачност која во наредните часови се намали.

vremeto denes i za vikendot koj sledi

 

МАКЕДОНИЈА – Продолжуваат свежите утра во Македонија. Така e и ова утро кога утринските температури се движат во интервал од 9 до 19 степени. Во текот на денот ќе имаме претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој кон крајот на денот ќе слабее. Максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ – Во Скопје по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна температура до 31 степен. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок уште едно свежо утро со температури од 9 до 19 степени. Во текот на денот сончево и топло со дневни температури од 26 до 37 степени. Во деновите од викендот тропски денови, ќе биде сончево и многу топло со пораст на температурите. Во сабота максималните температури ќе се движат од 29 до 39 степени, додека пак во недела од 30 до 40 степени. Во понеделник промена на временската состојба, дестабилизација со врнежи од дожд и пад на дневните температури кои ќе се движат од 25 до 35 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close