
Агро бизнисВестиТоп вести
Времето денес -Променливо облачно нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град
Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, Биница, Берово...
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m²)
91 Крива Паланка, 68 Виница, 46 Берово, 40 Гевгелија, 27 Прилеп, 17 Скопје – Зајчев Рид, 16 Тетово, 14 Штип, 13 Скопје-Петровец, 9 Битола, 8 Кавадарци, 7 Куманово, Крушево, 6 Тополчани, 5 Демир Капија, 3 Струмица, 2 Претор и 1 Маврови Анови.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
