fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Врнежи од снег на неколку патни правци, намалена видливост на Стража и Маврово

Врнежи од снег со слсб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-Попова Шапка, кој во моментов не преставуват пречка во одвивањето на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слсб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-Попова Шапка, кој во моментов не преставуват пречка во одвивањето на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража и во Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close