fbpx
Вести

За 25 години двојно повеќе млеко од млечна крава

Двојно зголемување на производство на млеко од молзна крава, промена на расниот состав на животните, двојно зголемување на вредноста на кравите, се само дел од сумираните статистички податоци што излегоа во последната публикација на Државниот завод за статистика. Според неа, во последните 25 години производството на кравјо млеко од молзна крава постепено забележува пораст, од 1.329 литри млеко годишно во 1991 година на 2.828 литри во 2015 година. Според статистиката, бројот на говеда во 2010 година бил 259.000. Следната година бројката се зголемила на 265.000, а потоа во следните три години се намалила на 240.000. За сметка на тоа производството на кравјо млеко од 360.000 тони се зголемило на 387.000 тони.

za 25 godini dvojno povekje mleko od mlechna krava

 

 

Освен кај кравјото млеко, зголемување има и кај овчото и козјото млеко. Кај овчото млеко од 32.000 тони за пет години има зголемување на 35.000 тони.

Сменет расниот состав

Професорите на Факултетот за земјоделство и храна и од фирмите што се занимаваат со оваа дејност велат дека причина за зголемена количина млеко се сменетиот расен состав, подобрата исхрана и постојаното вложување во осовременување на условите за живеење во фармите.

Ако претходно имавме крави што имаа ниска млечност, односно една крава давала 10 литри млеко, сега добиената количина е далеку поголема. Има помал број крави, но зголемена е количината млеко, a со тоа и квалитетот вели Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделство и храна. Според него. ова е тренд што мора да се развива во сите сектори.

Треба да се купуваат раси што ги бара пазарот. Кај свињите со поголема месност, но помалку маснотии, кај кокошките раси што даваат повеќе јајца вели Димитриевски.

Фирмите од оваа дејност велат дека постојано работат на подобрување на исхраната на животните, субвенционираат набавка на нови крави, ги подобруваат условите на фармите каде што престојуваат животните.

Поради тоа, и резултатите се такви зголемена количина млеко, но и подобар квалитет објаснуваа млекарите.

Статистиката вели дека ако во 2009 година во државата сме произвеле 394.000 тони, во 2014 година оваа бројка била 438.000 тони. Истовремено, ако 2009 година од земјава се извезле 2.200 тони сирење и кашкавали во вредност од 5 милиони долари, во 2014 година сме извезле речиси двојно поголема количина или 5.600 тони. Двојна била и вредноста на стоката, и тоа 11 милиони долари.

Мали фарми

Производството на млеко во земјава се карактеризира со голем број мали фарми и традиционални фармери, кои се 75 отсто од вкупниот број и имаат ниска продуктивност. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави и тоа само околу 3 отсто од вкупниот број со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри од крава. Сегашната ситуација во Македонија е таква што поголем дел од добитокот не е со висок генетски потенцијал и затоа е потребно преориентирање кон купување попродуктивен добиток. Направените анализи покажуваат дека просекот за македонските крави во периодот на лактација е 3.000 литри млеко, а сточарот од млекото што го добива од една крава заработува во просек 64.500 денари, додека од добитокот со висок генетички потенцијал просекот на млеко би изнесувал над 8.000 литри, a заработката 172.000 денари.

Уште три години за ЕУ-стандарди

Надлежните потсетуваат дека до декември 2019 година сите одгледувачи на молзни крави треба да ги исполнат условите за категоризација на млекото во согласност со ЕУ-стандардите. Тоа значи приспособување на производството во однос на три клучни параметри: инфраструктура, хигиена на објекти, собирање и транспорт на млеко, како и за вкупен број микроорганизми и соматски клетки во суровото млеко.

Ако по 2019 година некои од производителите не ги исполнат бараните критериуми, не ќе може да го продаваат млекото во преработувачките капацитети велат од секторот за ветеринарно јавно здравство при АХВ. Моментно, со донесените правилници, европската легислатива е целосно пренесена во Македонија. Вкупниот број микроорганизми во еден милилитар млеко на 30 Целзиусови степени треба да биде до или помалку од 100.000, а на соматски клетки до или помалку од 400.000.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close