fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За 5 денари поскап лебот на штипските пекарници, нови цени и за белите печива

Од денеска цените ќе ги зголемат и останатите пекарници во Штип, а ги има десетина.

Поголем дел од пекарниците во Штип вчера ги зголемија цените на лебот за 5 денари и место 25 се продава по цена за 30 денари. Од денеска цените ќе ги зголемат и останатите пекарници во Штип, а ги има десетина. Нови цени најавиле и пекарниците од соседните градови Пробиштип, Кочани и Виница кои пласираат леб во Штип. Продавачите добиле упатства да ги информираат потрошувачите дека веќе имаат нови цени на лебот, пренесува СДК.мк.

До 28 февруари важеше владината одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти, а од вчера до 31 мај стапува во сила нова владина мерка за справување со инфлацијата, а тоа е ограничување на маржите на трговците. Владата одлучи да воведе највисока трговска маржа до 5 отсто на продажната цена на големо и на 10 отсто од продажната цена во трговијата на мало на основните прехранбени производи.

„Многу не се изненадивме кога ни се извинија и лебот ни го наплатија по новата цена од 30 денари. По одмрзнувањето на цените на основните прехранбени производи друго што може да се очекува. Нови цени, а тежината останува иста, 450 грама што значи дека леб од еден килограм се продава по 65 денари“, велат граѓаните кои редовно купуваат леб во една пекарница.

Пекарниците најавуваат и нови цени на белите печива. Бурекот, на пример, пред неколку месеци во сите пекарници во Штип од 35 и 40 денари поскапе на 50 денари, но сега се  очекувада чини најмалку по 60 денари. Нови цени ќе имаат и белите печива во кеси од 1 килограм кои сега се продаваат по 120-130 денари.

Вчера и денеска штипските маркети ги потрошија залихите со масло за јадење па на рафтовите остана само зејтинот во амбалажа од 4-5 литри. Вработените велат дека очекуваат во наредните денови да добијат нови пратки во сите амбалажи, но не знаат по која цена.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-5-denari-poskap-lebot-na-shtipskite-pekarnitsi-novi-tseni-i-za-belite-pechiva/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close