fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМлад земјоделец

За дивоградбите колку е виновен народот, толку е виновна и државата!

Проблемот со дивоградбите е децениски и државата мора еднаш да пресече

Проблемот со дивоградбите е децениски и државата мора еднаш да пресече – да дозволи да се легализира тоа што досега е направено, но да повлече црта и да направи таков дестимулативен закон што во иднина дури и со кривична одговорност ќе ги одврати оние што градат на диво, вели Никола Велковски кој има богата кариера во градежништвото и во урбанизмот.

Тој е поранешен главен архитект на Град Скопје, ја вршеше и функцијата претседател на Здружението на градежништо при Стопанската комора, а веќе повеќе од 30 години ја раководи и фирмата за проектирање и изведба „Инком инженеринг“.

– Јас не сум за тоа, да се расчисити со дивоградбите, така што тие ќе се урнат. Сосема легитимно е тогаш некој да праша зошто не се интервенирало додека се градело, а не отпосле откако е изградено.За деценискиот проблем со дивоградбите сметам дека колку е виновен народот, толку е виновна и државата. Тука пред се мислам на многу долгиот процес околу издавањата на одобренијата за градба, што дел од граѓаните ги ставило во искушение да градат на диво, затоа што имале неопходна потреба од станбен простор. Потоа, исто така, можеме да ја видиме бавноста при носењето на урбанистичките планови. Да се изгради нешто на диво е многу голем ризик, со постојан страв од државата, со неможност да се продаде, да се пренесе на наследниците. Таа „цена“ е многу поголема од проект и комуналии за лагална градба. Затоа треба да се постави и прашањето зошто има дивоградби. Затоа сметам дека државата треба да создаде подобри услови за да може да се гради, но истовремено и да пресече, така што по една обемна дискусија, со многу конкретни решенија, ќе донесе еден сосема дестимулативен закон за бесправно градење – вели Велковски.

Тој објаснува дека дивоградбите тешко потоа се вклопуваат во едно урбанистичко решение.

– Кога процесот е обратен и кога прво ќе се направат куќи, многу тешко е потоа да се создадат услови за едно урбано живеење во кое треба да има и зеленоло и пат и училиште… Затоа, мора да се стави еднаш за секогаш крај на дивоградбите – вели Велковски.https://www.slobodenpecat.mk/velkovski-za-divogradbite-kolku-e-vinoven-narodot-tolku-e-vinovna-i-drzhavata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close