fbpx
Вести

За ИПАРД 2 поднесени 12 барања во Кочанско

ipard

Земјоделците од кочанскиот производен регион во кој влегуваат општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево досега најмногу барања поднеле за искористување на средствата од ИПАРД 2 за набавка на земјоделска механизација.

– Досега се поднесени 12 барања од страна на индивидуални земјоделски производители и тие се однесуваат на набавка на трактори и друга приклучна земјоделска механизација. Се очекува до крајниот рок, кој беше продолжен до 21 јули, да бидат поднесени уште барања, изјави Валентин Захариев, советник во Канцеларијата на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството-Кочани.

Захариев информира дека земјоделците се информираат постојано за условите за користење на средствата од ИПАРД 2 програмата, за што Подрачната канцеларија на АПРЗ во Кочани работи секој ден и нуди совети и можност за пополнување на документите.


 

а1он

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close