fbpx
Вести

За килограм моркови , два килограми пари – мега инфлација во Венецуела

 

За да се купат килограм моркови во Венецуела , треба да се платат три милиони боливари или пари тешки два килограма.

Првиот ден на новиот план за економијата Мадуро го прогласи за државен празник , па вчера ништо не работеше. Улиците се и во другите денови празни , зашто илјадници луѓе избегаа од земјата и како бегалци живеат во околните држави . Колумбија веќе забрани  бегалците од Венецуела да влегуваат во државата без пасош , а истата мерка од денеска ја воведе и Перу. Жителите се обидуваат да избегаат преку Колумбија до Еквадор , но сега тоа е неможно .

Стотици илјади се заглавени во пограничните простори на овие земји . Планот на Мадуро , сметаат експертите дополнително ќе ја влоши состојбата .

Според планот , презентиран во петокот, платите ќе се зголемат за 3 000 % , ќе се зголеми корпоративниот данок, а националната валута боливар ќе се поврзе со петро , нафтена криптовалута , измислена од владата на Мадуро.


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close