fbpx
ВестиМакедонија

Од утре ќе може да се пререгистрираат возилата со странски регистарски таблички

Регистрацијата на возилата со странски регистарски таблички со 50% намалени давачки ќе почне од утре, најави министерот за економија Крешник Бектеши

Регистрацијата на возилата со странски регистарски таблички со 50% намалени давачки ќе почне од утре, најави министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на компанијата „Раде Кончар“.

Тој рече дека Прваилникот денеска или утре ќе биде објавен во службен весник, и со тоа граѓаните ќе може да ја користат повластената цена за пререгистрација на возилата.

Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен. Убеден сум дека денеска или утре ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за меторологија и другите институции  како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение, рече Бектеши. 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close